Фудбалерите на Саса од Македонска Каменица утре (сабота, 17 часот) ги очекува тежок натпревар, бидејќи на стадионот на Речица во Тетово ќе ги одмери силите со КФ Арсими од Чегране-Гостивар, во рамките на второто коло од Лигата.
Овој натпревар ќе биде особено возбудлив за крилниот играч на клубот Саса, Махир Ајрулаху. Овој фудбалер полни две години го носеше дресот на Арсими, и со овој тим го постигна најголемиот успех во кариерата, пласманот во втората лига.
Поради тоа, ова ќе биде особено емотивен натпревар за него. “Емотивно ќе биде тежок натпревар бидејќи поминав многу успешни и убави години во Арсими. Пред и по натпреварот ќе се поздравам со моите пријатели. Ќе се обидам да нема простор за емоции на теренот. Ќе се обидам да му помогнам на мојот сегашен клуб Саса да постигне поволен резултат. Според мене, Арсими е добра и квалитетна екипа, па затоа се фаворити на овој натпревар. Сепак, и ние сме во добра форма иако постигнавме реми со Скопје на наш терен минатата недела. Ако имам шанса да постигнам гол, нема да го прославам поради почитта што ја имам кон сите во Арсими“, изјави 20-годишниот Махир Ајрулаху, лев крилен играч од Скопје.Минатата недела Саса на домашен терен ремизираше 1-1 со Скопје.