37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Возач удрил во пешак во Тетово и избегал

Најчитани вести

Дваесет и двегодишно лице било повредено откако во него удрил возач на автомобил марка „БМВ“, кој потоа се оддалечил со возилото од местото вчера на улицата „Иво Рибар Лола“ во Тетово. Подоцна полицијата го нашла возилото.

-Околу 18 часот и 45 минути, на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал 66-годишниот тетовец М.А. удрило во 22-годишниот тетовец Т.Д. и го напуштило местото. Набрзо потоа возилото било пронајдено. Повредениот пешак пренесен е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Увид извршила екипа од Сeкторот за внатрешни работи Тетово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести