Тетово, 19 јули- Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато” , вчера околу 18,30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф” со тетовски регистарски ознаки.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот”.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово.
Случајот е пријавен во полицијата од каде велат дека ги утврдуваат причините.