Македонски Брод, 28 август– Четириесет и шестгодишен маж загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 18 часот на регионалниот пат Македонски Брод – село Самоков, пред влезот за село Ковче.
Според информациите на МВР, В.З.(46) од село Растеш-Македонски Брод, кој управувал „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. По незгодата возачот бил пренесен во Јавната здравствена установа – Македонски Брод, а оттаму во Општата болница – Прилеп, но при транспортот починал.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод.