-1 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

Возач во Тетово удрил во татко и син на мотоцикл и избегал

Најчитани вести

Тетово, 31 октомври- Возач со автомобил „голф“ удрил во татко и син на мотоцикл во Тетово и избегал од местото на несреќата. Таткото добил тешки повреди, а синот лесни.

Според информациите на МВР, вчера во 12.15 часот, на улицата 146 во Тетово, се случила сообраќајна незгода, во која автомобил „голф 4“, управуван од непознато лице, кое по несреќата избегало, удрил во мотоцикл „боатијан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Х. И. (53) од Тетово, на кој се превезувал и неговиот малолетен син.

Двајцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде што на Х. И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетникот лесни.

Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести