1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Возачот на автобусот кој се преврте е уапсен, признал дека задремал

Најчитани вести

Приведен e возачот на автобусот oд Косово кој се преврте кај Славонски Брод во Хрватска, бидејќи признал дека задремал на воланот.

Обвинителството констатира дека автобусот од Приштина кој патувал од Франкфурт за Приштина, излетал на тревнатата банкина на јужната страна од коловозот.

„Возачот на автобусот е затечен на лице место и е приведен. Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава“, велат од обвинителството.

Според неофицијалните информации, тој го презел управувањето на автобусот на граничниот премин Брегана, меѓу Словенија и Хрватска, каде што се смениле со својот колега кој возел од Франкфурт до таму. Еден возач и девет патници загинаа во несреќата.

Албанскиот државен врв изрази сочувство до семејствата на загинатите и брзо закренување на повредените во несреќата во Хрватска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести