Морнариците на Русија и на Сирија денеска почнаа со заеднички вежби во Медитеранот, јавуваат руските медиуми.
Во вежбите ќе бидат опфатени руски бродови и авиони од воздухопловната база Хмеим, како и носачи на ракети и други воени бродови на сириската морнарица, пренесува ТАСС.
Командантот на вежбата, полковник Александар Јулдашев, рече дека маневрите ќе се одвиваат во заедничко оперативно опкружување и ќе вклучуваат различни тактички епизоди.
„Тимовите за безбедност и одбрана ќе вежбаат мерки на брегот за да спречат напади врз базите на Тартус“, рече Јулдашев.
Целта на вежбата е да се зголеми интероперабилноста помеѓу вооружените сили на Русија и Сирија и со тоа да се зголеми ефективноста во борбата против тероризмот.