-1 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Водителката Миа Костова со емотивна порака: “Поплукајте го, јас ви посакувам дете како него“!

Најчитани вести

Ултразгодната македонска водителка Миа Костова целосно му се посветува на својот син, а поради него, како што самата вели, уште од 2012 година комплетно ѝ се смени животот.
– Запознав човек што го сакам повеќе од себе. Мислев дека секогаш ќе биде бебе. Пречесто се плашев дали добро правам и колку му должам кога е во прашање воспитување и родителска посветеност. Денес, вака сериозно голем ми дава за право да мислам дека може не сум најдобрата мајка на светот, ама можам со право да давам совети за воспитување ако некој ми побара, секако.

Кроток, искрен, се радува буквално на сè, задоволен со премалку, полн со љубов, разбран секогаш и без исклучок на прва, понекогаш и само со поглед, хармоничен, лесно навредлив и максимално самостоен. Не е оглас за зет, ниту за школо за воспитување. Само кажувам дека е Мој. Ваљда е мој, сомнително со оглед на љубовта кон училиште. Поплукајте го, јас ќе ви посакам ништо помалку и ништо повеќе од дете како него. Ова е нашето 8-мо лето. Те сака мама, Андрија! Силно емотивно напиша водителката во описот на фотографијата со синот, а инаку Миа ни се пофали и со тетоважата!

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести