-1 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

Вода до колена, а тие седат и пијат кафе во Венеција

Најчитани вести

Плоштадот Свети Марко во Венеција, вчера беше поплавен и затворен за јавност бидејќи градот го погоди плима висока 150 сантиметри, што е трето највисоко ниво кое некогаш било забележано.

Со четири плими нас 140 сантиметри од понеделникот, изминатата седмица била најлоша од почетокот на мерење на плимата во 1872 година.

Градоначалникот проценил дека нанесената штета од поплавите изнесува околу милијарда евра.

Сепак и покрај се туристите и понатака ја посетуваат Венеција и одат во шопинг иако водата им е до колена. На фотографиите може да се види дека неколку продавници и угостителски објекти вообичаено ги послужуваа гостите додека водата е насекаде околу нов.

Изградена на низа мали острови, Венеција е особено ранлива од комбинацијата на покачено ниво на морето како резултат на климатските промени и веќе воспоставената дека пропаѓа градот во кал.

Според службата за надгледување на плимата и осеката во градот, нивото на морето околу Венеција е 10 сантиметри повисоко отколку што беше пред 50 години.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести