24.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Вован и Лексус: Не очекувавме дека „пранкот“ со Заев ќе биде толкава сензација во Северна Македонија

Најчитани вести

Руските новинари Владимир Кузњецов – Вован и Алексеј Стољаров – Лексус предизвикаа големо внимание кај светската јавност, а особено на Балканот, по објавените телефонски разговори со државници во кои тие се претставувале како претседатели на држави, премиери… Тие му се јавувале и на премиерот Зоран Заев на кого му се претставувале како експретседателот на Украина, Петро Порошенко, и како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во интервју за српскиот весник „Политика“, Вован и Лексус велат дека не очекувале дека „пранкот“ со Заев ќе биде толкава сензација во Северна Македонија. Велат дека освен македонскиот премиер, досега не успеале да лажат некој друг функционер цела година.

На прашањето какви впечатоци добиле по разговорите со Макрон, Ердоган, Јункер, Хуан Гваидо, Ѓукановиќ, Заев, Харадинај, Борис Џонсон, Федерика Могерини и вработените во американската администрација и конгресмените, тие велат:

„Макрон е прилично блага, фина личност. Гваидо во разговорот не остави впечаток на независен политичар. Борис Џонсон, и покрај комичноста во јавноста и ексцентричноста, всушност е многу интелигентен и ладнокрвен политичар. Харадинај се обидува да остави впечаток на љубезен дипломат, но слабо успева во тоа. Но премиерот Заев е навистина неверојатна личност. Ниту еден политичар пред него не успеавме да лажеме на таков начин речиси една година, и покрај фактот дека имал состаноци со претставници на вистинските украински власти. Но најважен заклучок е дека сите политичари се луѓе, како и ние. И имаат слабости и проблеми како и ние“.

На прашањето зошто дури неодамна ги објавиле разговорите со Заев имајќи предвид дека последниот разговор го имале на 20 април 2019 година, тие велат:

„Македонија ни го привлече вниманието во август 2018 година, затоа што светските и руските вести почнаа да јавуваат за неминовно преименување на земјата. Го добивме Заев, но по првиот разговор одлучивме да почекаме уште малку за да слушнеме од него уште важни информации. Тој ни го даде мобилниот телефонски број, па продолживме да комуницираме преку „Воцап“. Но, интересот на медиумите за Северна Македонија набргу исчезна, па со премиерот комунициравме повремено. Последниот разговор со него ни беше на 20 април, затоа што беше јасно дека Порошенко следниот ден ќе изгуби на изборите. Ја објавивме снимката дури по два месеца, затоа што една недела подоцна имавме поважен разговор со претседателот Макрон“.

На прашањето зошто стапиле во контакти со Ѓуќановиќ, Заев и Харадинај со оглед на тоа дека Балканот е нестабилен и дали сметаат дека овие разговори би можеле да ги влошат односите меѓу лидерите, народите и државите во регионот, тие велат:

„Секогаш сме заинтересирани за нови земји. Кога во медиумите ќе се појави тема за некоја држава или некој регион, размислуваме за тоа што може да се направи, со кој ќе разговараме, кои проблеми треба да ги нагласиме. Односите меѓу народите на Балканот беа кревки и пред да се вмешаме ние. Балканот стана предмет на интерес пролетта 2017 година кога во светот активно се расправаше за наводен проруски обид за државен удар во Црна Гора“.

Вован и Лексус негираат дека се руски шпиони.

„Гласините за разузнавачки служби воглавно ги шират западните либерални медиуми, поддржувајќи го трендот ‘раката на Кремљ се меша во сите работи во светот’. Но, во текот на годините никој не наведе ниту еден доказ дека сме поврзани со властите или специјалните служби. Ако бевме поврзани со нив, немаше да ги објавуваме своите шеги, туку би работеле тајно, затоа што така е многу полесно да се влијае на ситуацијата во другите земји. Ако ги следите нашите активности, ќе ви стане јасно дека сето тоа сме го стекнале со искуство. Се занимаваме со ‘пранк’ долги години, па со метод на обиди и грешки научивме да работиме со протоколарните служби на највисоките функционери. Некои велат дека нашето дуо ја заменува работата на цело одделение во министерствата за надворешни работи“, велат руските новинари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com