Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека наместо кривични постапки против функционерите во власта, се случуваат амнестирања од страна на премиерот Зоран Заев.
„Зоран Заев е единствениот неколкукратно аболициран премиер во Европа, тој е човекот кој ги амнестира од одговорност и криминал сите функционери во неговата влада фатени во сомнителни работи, зделки и потфати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата додава дека предмет на истрага досега требало да бидат генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, како и функционерите со кои беа поврзани случаите со непотизам.
„Време е граѓаните да си ја вратат државата. Да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите“, порача опозицијата во соопштението.