11 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

ВМРО – Народна партија го поддржува предлогот за една изборна единица

Најчитани вести

ВМРО-Народна партија покрај илјадниците повици и апели, уште еднаш упатува поддршка за промена на изборниот законик со што Македонија ќе биде – една изборна единица со минимален или без изборен праг, соопшти партијата.

,,ВМРО-Народна партија се радува што предлогот за една изборна единица добива поддршка и од партиите кои во не толку далечната 2011 година кога и за прв пат укажавме на потребата од промена на изборниот законик, не смогнаа сили да се придружат кон нашиот предлог и го поддржат иако учествуваа во владината коалиција.ВМРО-Народна партија и после осум години стои на ставот дека со ваквата промена ќе се забетонира плурализмот, односно широко ќе се отвори демократскиот процес подеднакво за сите партиско-политички чинители”, се додава во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести