Home Македонија ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена влада, исто како 5 години неуспеси и предавства, од Македонија има се помалку

ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена влада, исто како 5 години неуспеси и предавства, од Македонија има се помалку

by admin

100 дена влада, исто како 5 години неуспеси и предавства, од Македонија има се помалку. 100 дена влада 1 милијарда задолжување. Ова се пари кои оваа влада ќе ги позајми за одржување на ликвидност, затоа што економијата пропаѓа од нивните лоши политики, е наведено во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„100 дена влада, еден обид за криење на убиство, украдено оружје од полициска станица во Охрид, украдено масло од марихуана вредни над 2 милиони евра од објект со десетици камери. 100 дена влада, отворање на клуб „Ванчо Михајлов“, со профашистички тенденции. 100 дена влада, 100 дена порази. 100 дена влада и 5 години СДСМ, 100% поскап леб, брашно, зејтин, 70% поскапи горива, 30% поскапа струја, 15% поскапо парно греење, а платите не се зголемија ниту еднаш“, посочуваат од опозициската партија.

Според нивните оценки по 100 дена влада и 5 години СДСМ, има криминал и корупција во врвот на власта. Се бараа, како што велат, провизии за вакцини, тендери се местеа за блиски од власта, РЕК Битола се остави без јаглен на почеток на грејна сезона.

„Вице Заев се бришеше од кривични пријави, Рашковски местеше тендери, Ден Дончев ставаше туциња пари во торба, Мухамед Зекири делеше милиони без тендерска постапка, и додека се ова се случуваше Љупчо Николовски се фалеше дека запленил две кутии путер со истечен рок на употреба. Не смее да се заборави дека ненадмината лага за овие 5 години е вработување на 300 пилоти ветено во Арачиново лично од Зоран Заев и Оливер Спасовски“ истакнуваат од партијата на Мицкоски.

Додаваат дека за време на 5-те години СДСМ, има 5 години лаги дека само што не сме добиле датум за преговори, 5 години разочарувања и обезличувања.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More