23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе резолуцијата во Собрание

Најчитани вести

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска ја поднесе Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите кои што се наметнуваат.

„ Оваа Предлог-резолуција во онаа форма во која што веќе беше споделена со сите пратеници е предложена со цел да помине со најширок можен консензус. Цениме дека оваа Предлог-резолуција ќе ги зајакне и македонските дипломатски позиции, но исто така ќе влијае и како фактор на сплотување наместо поларизација внатре во македонското општество. Тоа што би сакал денес да го порачам и апелирам, согласно Деловникот секој пратеник има право да се придружи со свој потпис на ваква Предлог-резолуција од моментот кога таа е предложена“ изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Тој ги повикува пратениците на СДСМ, ЛДП, Левица, Алијанса, ДОМ, Демократски сојуз и сите други пратеници, уште од денес да го стават својот потпис и да се придружат на оваа Предлог-резолуција, за утврдување на македонските државни позиции за евроинтеграции, за, како што рече, да не се дозволи блокадите и националните понижувања да станат предмет на преговори и „виткање на кичма“ во некој следен период.

„ Се надевам дека пратениците и партиите кои што декларативно истакнаа дека ќе ја поддржат Предлог-резолуцијата таква каква што е, од денес па во следните неколку дена истата ќе ја потпишат и очекуваме претседателот на Собранието Џафери, во најскоро можно време истата да ја стави на пленарна седница за да можеме да се изјасниме, очекувајќи дека ќе имаме широк политички консензус“ порача Милошоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com