14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг за три месеци порасна за 213 милиони евра и достигна 64,4% од БДП

Најчитани вести

Јавниот долг за три месеци порасна за 213 милиони евра, или достигна 64,4% од БДП, објави министерството за финансии скриено низ табовите на веб страницата, за никој да не го најде. Овој податок е шверцерски објавен, без никакво јавно известување, на сред продолжен викенд, од страна на институцијата која се промовира дека била најтранспарентна велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со ова јавниот долг достигна 7,4 милијарди евра, или за 2,7 милијарди евра повисоко во однос на 2016 година. Оваа влада планира да продолжи уште да го задолжува овој народ. Следната година, планираат јавниот долг да достигне 8,5 милијарди евра или скоро 66% од БДП, согласно Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026. Тоа значи дека секое четиричлено семејство догодина ќе биде задолжено со 17.000 евра, стои во соопштението од опозициската партија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com