10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов го финансирал с*кс кампот каде се трауматизирани малолетни деца

Најчитани вести

Петре Шилегов со години го финансирал секс кампот каде се трауматизирани малолетни деца. Вчера објавивме документ – информација испратена до директорите на средните училишта на Град Скопје од кој се гледа дека и во 2021 година Шилегов го финансирал секс кампот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека според досега достапните информации Шилегов го финансирал скандалозниот проект најмалку 2 години.

– Залудни се обидите на Шилегов да се отргне од одговорност. Од документот кој вчера го објавивме се гледа дека од страна на Град Скопје е испратена информација до директорите на средните училишта на Град Скопје за тоа кои проекти се избрани на јавен повик и финансиски и поддржани од Град Скопје. Во тој документ јасно е наведено дека проектите се насочени кон остварување на програмските цели на Град Скопје во областа на образованието, потенцираат од партијата.

Оттаму истакнуваат дека Шилегов знаел или морал да знае за проектот. Шилегов сноси морална и политичка одговорност за овој скандал.

– Со пари на скопјани е финансиран проект со кој се нанесени тешки психолошки трауми врз десетици малолетни деца. Шилегов е директно виновен за психичките лузни врз десетици малолетни деца, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов рече дека Град Скопје секоја година финансира илјадници и илјадници проекти, како и дека должност на институциите е да вршат сексуална едукација.

– Кажав во недостаток на политики во недостаток на определување на приоритети за скопјани, они се занимаваат со црна кампања против мене. Град Скопје секоја година финансира илјадници и илјадници различни проекти, не можеме да ги предвидуваме кои ќе ги прават корисни. Ова е скандалозно и во апликацијата го нема и не можело да го одобриме, изјави тој.

Посочи дека апликацијата подразбира камп со средните училишта, ова е надвор од училиштата.

– Јас сметам дека е должност на институциите кај адолесцентите да вршиме сексуална едукација и тоа беше во рамките на средните училишта – рече Шилегов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com