2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Шверцерска одлука на РКЕ, на еден час пред полицискиот бензините поскапени 3 денари

Најчитани вести

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за промената на цените на нафтените деривати.

„Шверцерска одлука на РКЕ, на еден час пред полицискиот бензините поскапени 3 денари. Ова е второ покачување на цените на горивата оваа недела откако на 5 април беа веќе еднаш покачени. Ова е 4 денари покачување за една недела. Ова е преседан и сигнализира дека власта не знае како да го полни буџетот, па удира по народот. Партискиот разгранок на Заев, кој го регулира енергетскиот пазар, ги покачи цените на горивата среде недела, на само еден час пред почетокот на полицискиот“, стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму забележуваат дека граѓаните брзаат кон бензинските, каде што се создаваат колони возила.

„РКЕ на Заев во пандемија немилосрдно удира по џебот на граѓаните. По покачените акцизи, константното зголемување на цените на горивата е уште еден начин за полнење на празниот буџет директно од сиромашните граѓани“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com