13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не знае веќе како да излаже, треба кривично да одговара

Најчитани вести

На лагите на Венко Филипче им нема крај. Филипче веќе не знае како да излаже. Си го губи времето со лаги, ама на сите им е јасно – вакции нема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Се уште има само најави дека ќе стигнеле вакцини, ама никако да има конкретна информација кога тоа ќе стартува вакцинацијата во Македонија. Последно Филипче рече ќе има вакцини од КОВАКС механизмот. Во меѓувреме, најави директни преговори со производителите на вакцини, најави вакцини од Фајзер, најави кинески… Сето тоа се означува со еден збор – лаже – велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека бројката на починати се движи кон три илјади.

-За граѓаните нема соодветна грижа, нема лекови….И последно, нема вакцини. Филипче треба да одговара што нема соодветна терапија. Филипче треба да одговара што нема вакцини. Филипче треба да одговара за сите загубени животи. Филипче треба кривично да одговара за загрозување на здравјето на граѓаните – посочуваат од партијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести