18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

ВМРО-ДПМНЕ: Фарса е реакцијата на Ковачевски за клубот „Ванчо Михајлов“

Најчитани вести

Фарса е реакцијата на Ковачевски за клубот Ванчо Михајлов, тој знаел дека Петков ќе дојде на отворање и дозволил негово регистрирање. Власта дозволила регистрација на клубот Ванчо Михајлов, реагира ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното видео-обраќање на премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски и Османи знаеле и дозволиле Петков и целиот бугарски државен врв да дојде на отворање на клубот, и не реагирале однапред, туку по 3 дена, откако јавноста го осуди чинот, кој е најголем вид на провокација, и глумат загриженост и осудуваат.

Ако Ковачевски го мисли тоа што сега го кажува во однапред снимено видео, тој тоа требаше да го каже пред доаѓањето на Петков, но и да не дозволи отворање на клуб со такво име.
Ковачевски и СДСМ оставија целиот настан да помине, со надеж дека јавноста ќе премолчи.
Ковачевски наместо да се крие зад однапред снимени видеа да излезе пред јавноста и да каже дали и кога ќе побара гаранции за македонскиот јазик, идентитет и историја од меѓународната заедница, во очи на се поизразените тенденции на фашизам“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com