18 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Тендерот за хеликоптерски превоз доделен на фирма основана 24 дена пред огласот

Најчитани вести

СДСМ го зголеми иселувањето. Од Македонија никогаш порано не се иселувале толку граѓани како во последните три години. Ветувањето дека ќе ги вратат 500.000 иселени, се испостави како најголемата лага во историјата на Македонија.„Живот за сите” е најбруталната лага врз сопствениот народ, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо подобар стандард и подобри услови за живот имаме делење на тендери и бизниси на фирми блиски до власта.

Власта доделува тендер за хеликоптерски превоз на фирма основана само 24 дена пред да биде распишан огласот и со истото име како и огласот. Власта ќе плаќа по 10.000 евра народни пари на секои 15 минути на фирма формирана непосредно пред огласот. Со народни пари ќе се полнат џебовите на врхушката на власт.

Македонија не смее да оди повеќе по криминогениот пат на оваа власт. Македонија мора да расчисти со криминалот и корупцијата на Заеви“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести