13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

ВМРО-ДПМНЕ со петиција против пописот

Најчитани вести

Власта и институциите ја подготвуваат методологијата за пописот, опозицијата пак стратегијата како да го блокира и попречи. По најавата дека веднаш ќе почнат да собираат потписи со цел да се спречи пописот денеска и преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ додаваат

„Пописот кој СДСМ ќе го спроведе ќе биде се, само не статистичка операција, бидејќи и самата намера на СДСМ и Заев не се статистичките податоци кои ќе се добијат од пописот, туку исполнувањето на желбите на ДУИ и нивната готова проекција за бројноста.“ – изјави Никола Мицевски ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката СДСМ пак и денеска возвратија дека потписите кои ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе ги собираат нема да ја попречат оваа статистичка операција од која беше лишена земјата нешто помалку од 20 години.

Ставот на ДУИ пак денеска го изнесе и министерот за политички систем и прв вицепремиер во Владата Артан Груби. Вели и од функцијата која ја има но и од позиција на член на ДУИ очекуваат пописот да биде спроведен без било какви проблеми.

Пописот денеска беше една од главните теми на средбите на кординаторите на пратеничките групи на власта и опозицијата и со евроамбасадорот Гир кој го посети македонското собрание. Каде опозицијата се пожалила за начинот на кој било донесено ова саконско решение

Македонија ќе влезе во оваа статистичка операција по 20 години. Како што засега стојат работите пописот ќе се спроведе без политички консензус со најголемата опозициска партија, што дополнително го отвара прашањето за понатамошно проблематизирање на овој процес.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести