Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ сакаат Јовески да стане уставен судија како награда за заштитата на криминалите на власта

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ сакаат Јовески да стане уставен судија како награда за заштитата на криминалите на власта

by Журнал.мк

Ја повикуваме власта на СДСМ и ДУИ јавно да соопштат дали е точно дека за нов уставен судија го спремаат Љубомир Јовески кој сега е прв човек на јавното обвинителство, соопшти ВМРО-ДПМНЕ

„Дали е точно дека зад насилното кршење на процедурите во Собрание и упадот во Комисијата за избори и именување е само за цел што едно од имињата за нови уставни судии треба да биде токму Љубомир Јовески?

Дали главната заслуга на Љубомир Јовески е затскривањето на криминалите на актуелната влада и политичките процеси и хајки против ВМРО ДПМНЕ?

Дали е точно дека оваа функција му е ветена од страна на првите луѓе на СДСМ-ДУИ и дали ова е цената за сите премолчувања на криминалите на власта“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации, ВМРО-ДПМНЕ

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More