Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки

by Журнал.мк

СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки, предлагаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ преточен во законско решение во вторник, како што известуваат од оваа партија, ќе биде на дневен ред во собрание. Законското решение предвидува намалување на акцизата за горивата за 50%, што ќе биде реално намалување на вкупната цена на горивата.

„Цената на горивата со СДСМ во последните година и пол е зголемена и за над 100%. Во април 2020 година литар дизел се продавал по цена од 46 денари, додека сега се продава по цена од 97 денари. Иста е ситуацијата и со бензинот, во април 2020 година литар се продавал по цена од 48 денари, за сега да се продава по цена од 93 денари. Последната година и пол цените на горивата поскапеа како никогаш до сега. И сето тоа е во голема мерка и поради зголемената акциза. Владата е виновна за високата акциза, зошто веќе 5 години ја зголемуваат, што донесе до огромни загуби кај превозниците, транспортерите, земјоделците и граѓаните во целост“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат, Владата да се ослободи од дневниот популизам, и да прифати мерка која е од корист за граѓаните.

„СДСМ и ДУИ 5 години ги ограбуваат граѓаните преку големата акциза“, реагираат во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More