Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против зголемување на платите, и не сака да се откаже од акцизата

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против зголемување на платите, и не сака да се откаже од акцизата

by Журнал.мк

СДСМ е против зголемување на платите, и не сака да се откаже од акцизата, а секаде во светот се укинуваат на даноците на горивата.

Пратениците од СДСМ и ДУИ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.800 денари. Што е всушност и порамнување по зголемување на минималната плата и обврска на власта.

Но пратениците од СДСМ гласаа против, исто како што гласаа против намалување на акцизата на горивата за 50% и намалување на ДДВ од 18% на 5%. И тоа во време кога во Германија се намали данокот на горивата, а вчера и во САД претседателот Бајден побара од Конгресот суспензија на федералниот данок на горивата во период од 3 месеци.

Во Германија со намалувањето на даноците литар гориво е скоро иста цена како во Македонија, со 10 пати поголеми плати, а во САД горивото е далеку поевтино, но и таму се намалуваат даноците.

Само пратениците од СДСМ и ДУИ не сакаат да гласаат за повисоки плати и намалување на даноците и акцизата на горивата.

Само СДСМ и ДУИ работат против граѓаните. Затоа премногу е. Промени.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More