5.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска 4 месеци прави план како да го амнестира Заев од „Рекет“

Најчитани вести

Четири месеци откако е пријавен случајот со милионскиот рекет, јавнотообвинителство единствено што прави е обид да ја убеди јавноста дека Боки 13 бил толку моќен што сам ја вовлекол Катица Јанева и рекетирал бизнисмени. Четири месеци, Русковска ја влече јавноста за нос оставајќи можност да се избришат сите траги кон политичарите и главата на рекетарскиот октопод. Четири месеци ЈО нема мрднато од мртва точка во истрагата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вилма Русковска четири месеци кова план како да го амнестира Зоран Заев, кој е спомнат од страна на жртвата во случајот како човек кој ги предупредил директните извршители Боки Тредичи и Зоки Кичеец.

Што крие Русковска и дали со нејзиното неделување, отвора шанса лица кои се уште не се опфатени со случајот да влијаат врз сведоци и да уништуваат докази, но и да се впуштат во бегство!?

Вилма Русковска и ЈО целосно ја компромитираа истрагата за „Рекет“. Со секој поминат ден неделување на граѓаните им станува јасно дека се прави излезна варијанта за Заев и власта.

Ефикасна правна разрешница во случајот „Рекет“ со Заев на власт не е можна. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори час поскоро. Потребна е обнова на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести