Иако опозициската ВМРО ДПМНЕ излезе на протести да повика на здравје, на поголема одговорност на здравствените власти во пандемијата, на крајот испадна како да протестирале против здравјето. Неколку десетици граѓани, во големи групи, без почитување дистанца, некои и без маски, се придружија на протестот. Додека членството ги слушаше говорниците како им зборуваат за негрижа и несовесност на надлежните, во исто време сите присутни го загрозуваа јавното здравје.
Демонстрантите еден до друг без растојание, се фотографираат во групи за да објават на социјални мрежи, маските повремено ги имаат, повремено ги немаат, но важно е дека сите биле дојдени да испратат порака за оставки и одговоност, а кој е одговорен за тоа што нив ги собрал во голема група и ги направил лесна мета за вирусот не ни прашаа, ниту пак им е важно.