23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Пораката на Заев до учениците е рекет, марихуана, наместени тендери…

Најчитани вести

Наместо почетокот на учебната година да биде свечен ден, ден кој ќе го паметат сите првачиња и нивните родители, почетокот на школската година заради неспособната и расипничка власт на Зоран Заев е обележан со неизвесност, штрајкови, притисоци, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Пораката што ја добиваат сите ученици во основните и средните училишта, нивните родители, роднини, но и студенти кои својата иднина ја гледаат во образовниот процес е дека Македонија е загубена држава со корумпирана власт која не може да обезбеди ниту минимални услови за пристоен живот.

Пораката која Заев ја испраќа до нив е дека тој има време за рекет, за прием на трговци со марихуана, за наместени тендери, но не и за решавање на проблемите во образованието.

Заев испраќа порака дека ако треба ќе продава и име и идентитет за да остане на власт но нема намера да обезбеди пристојни плати за наставниците, ниту пристојни училишта и училници за учениците.

Власта ветуваше нови училишта и инвестиции во образованието. Но ништо од тоа нема. Две години училиштето во Башино Село, велешко стои руинирано, нефункционално, иста е ситуацијата и со училиштето „Страшо Пинџур“ во Карбинци, во субстандардни услови учат и учениците во училиштето „Димитар Македонски“ во Лисиче, за сите овие училишта власта ветуваше дека ќе ги реновира, но три години веќе со прст нема мрднато.

Ситуацијата во образованието никогаш не била полоша. СДСМ нанесува само штета. СДСМ мора да си замине за работите во образованието да тргнат на подобро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести