17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за измени на Законот за служба во Армијата

Најчитани вести

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес до Собранието поднесе измени на Законот за служба во Армијата.

„Предлагаме подобрување на условите за пензионирање на активниот воен персонал и давање на можност на активниот воен и цивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија со навршување на 40 години стаж без оглед на годините на возраст за мажи, и 38 години стаж за жени“, рече пратеникот Драган Ковачки, армиски полковник кому поради пратеничката функција му мирува работното место во Армијата.

Ковачки дополни и дека измените предвидуваат и корекција на висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал кој отишол во пензија и пред да се усвојат предложените измени.

ВМРО-ДПМНЕ предлага и измени во надлежностите на министерот за одбрана односно бараат да се вратат надлежностите на началникот на Генералштабот да поставува високи офицери на служба во Армијата, со што како што тврдат ќе се придонесе за „департизација и за професионализација на Армијата“.

Со овие предлог-измени, вели Ковачки, ќе се регулира статусот на професионалните војници на кои службата во Армијата им престанува поради навршување на 45 години возраст, на начин што на истите им се даваат две опции: да засноваат работен однос на неопределено време без објавување на јавен оглас, со превземање во органите на државната и локалната власт или право на отпремнина, односно еднократен надоместок во износ од 1.000 евра во денарска противвредност, за секоја година помината во служба во Армијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com