Поднесен е предлог-закон за поврат на парични средства на граѓаните потрошени за имунизација во Србија, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ. Во оопштението на најголемата опозициска партија се наведува дека поради неспособноста на Владата не треба да страдаат граѓаните.
– Фијаското со вакцинација ги примора македонските граѓани да се вакцинираат надвор од границите на Македонија. Според податоците на ВМРО-ДПМНЕ околу 40.000 граѓани досега се имаат вакцинирано во странство од кои што најголем дел околу 30 илјади се имаат вакцинирано во Србија. За сите во светот вакцината против КОВИД-19 е бесплатна, но македонските граѓани поради неспособноста на Заев и Филипче ја платија преку трошоци за превоз и за престој во соседните држави за да се вакцинираат, се наведува во партискиот став.
Во соопштението се наведува дека според Уставот на Република Македонија е загарантирано правото на здравствена заштита и граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, Владата беше должна процесот на имунизација да го започне многу порано.