15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани против разрешувањето на Зендели, Џафери ќе ги отфрли!

Најчитани вести

Над 400 амандмани предложила опозициската ВМРО-ДПМНЕ и десетина од Беса против разрешувањето на членот на Комисијата за избори и именувања Фадил Зендели се веќе поднесени во Собранието. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Џафери веќе им навестил дека амандманите ќе ги отфрли бидејќи не била запазена процедурата при поднесувањето, но опозицијата чека допис од претседателот со образложение зошто се одбиени.

-Џафери усно ни кажа дека амандманите не биле поднесени како што треба. Чекаме писмено да ни образложи зошто амандманите ќе ги врати за да може да му одговориме. Ќе видиме, како ќе дејствуваме, власта го поларизира Собранието и на сила ја тера работата со разрешувањето на Зендели. ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, нема да и дозволиме на власта бришан простор за носење закони, но на координациите кај Џафери повеќе не одам. Нема потреба да учествувам на координации за да легитимирам приватна забава на власта – вели Мицевски.

Зендели ни изјави дека Беса поднела околу десетина амандмани. Тој вели дека доколку Собранието го разреши, Беса нема повеќе да биде конструктивна опозиција, односно власта ќе нема поддршка за законите за кои се потребни и гласовите на опозицијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com