Home » ВМРО-ДПМНЕ: Основните продукти поскапеа за 70%, а Ковачевски се фали со враќање на дел од одземените пари на пензионерите

ВМРО-ДПМНЕ: Основните продукти поскапеа за 70%, а Ковачевски се фали со враќање на дел од одземените пари на пензионерите

by Журнал.мк

Основните продукти поскапеа за 70%, а Ковачевски се фали со враќање на дел од одземените пари на пензионерите од само 5.5%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во изминативе година и пол основните продукти поскапеа драстично. Млекото е поскапо за 22%, брашното за 38%, зејтинот за 46%, дизелот за 63%, бензинот за 69%. И додека цените на овие продукти вртоглаво растеа, пензиите не се зголемија ниту еднаш. За сега Ковачевски да се фали со 5.5% покачување на пензиите, кое допрва треба да го реализира“, стои во писмената реакција од оваа партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Ковачевски не ги зголемува пензиите, туку само го враќа моделот на пресметка за покачување на пензиите кој, како што велат, го укинаа Заев и Царовска, а беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година.

„СДСМ во изминативе 3 и пол години им украде пари на пензионерите, кои нема да ги врати. Овие 5.5% најавено покачување одамна се изедени од покачувањето на цените на основните продукти. Доколку СДСМ беше искрена со пензионерите ќе го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите за 20%. СДСМ се неискрени и земаат од пензионерите, а сега, откако претходно 3 и пол години ги ограбија пензионерите сакаат да ги манипулираат со незначително покачување“, е потенцирано во писмениот допис од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More