9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со блокади на крстосници во Скопје и во десет други градови!

Најчитани вести

ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со блокади на крстосници во Скопје и во десет други градови, брифира партиски извор.

Со блокадите опозициската партија сака да ја принуди власта јавно да соопшти за што преговара со Бугарија и какви отстапки се нудат.

Блокадите ќе бидат од 15 до 17 часот и почнуваат од утре. Јавноста ќе биде информирана секој ден за плановите за протестите.

Во Скопје ќе бида блокирани крстосниците пред Мавровка, пред Собранието и пред зградата на поранешна „Нова Македонија“.

– Бараме Зоран Заев и Владо Бучковски да го објават јавно документот за преговорите што ги водат со Бугарија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Има две можни решенија за проблемот со Бугарија, сметаат во партијата.

Првото решение е Европската унија да донесе одлука за почеток на преговорите со земјава без прифаќање на бугарските услови. Веројатноста за ова сценарио е 5 отсто. Второто решение е Заев и Бучковски да ги прифатат условите на официјална Софија, односно во преговорите да влезат идентитетот, јазикот, културата и историјата. Тоа значи дека секоја идна македонска влада во иднина ќе мора да ги прифати условите.

Постои опасност можност сето ова да се прифати усмено, со изговор дека Бугарија има техничка влада, па прашањето пак да се отвори кога Бугарија ќе формира политичка влада. Можноста за ова сценарио е 70 до 73 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com