4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за градоначалници

Најчитани вести

ВМРО-ДПМНЕ нуди нова генерација на политичари кои ќе донесат победа на 17ти октомври, а не стари и истрошени кадри како тие на СДСМ, рече потпретседателот на партијата Николоски.

Доктори, бизнисмени, агрономи, актуелни политичари – ВМРО-ДПМНЕ објави 26 кандидати за градоначалници за претстојните избори, 24 нови и само двајца кои влегуваат во изборната трка по втор пат – актуелните градоначалници на Петровец Митевски и на и Сопиште Трпковски. Наташа Котлар од Глас за Македонија како коалициски кандидат и официјално е кандидат за Општина Центар, во Кисела Вода Орце Георгиевски, во Илинден Александар Ѓоргиевски, пратеникот Иван Јорданов пак ќе се кандидира во Штип.

ВМРО-ДПМНЕ нуди нова генерација на политичари кои ќе донесат победа на 17ти октомври, а не стари и истрошени кадри како тие на СДСМ, рече потпретседателот на партијата Николоски.

Дали претседателката на ССК Данела Арсовска ќе биде противкандидат на Петре Шилегов во Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ се уште не откриваат. Велат дека анализите кај членството се уште траат и уверуваат дека се бираат најспособните.

Од опозициската партија велат наредните денови ќе ги објават и останатите кандидати. Денеска започна да тече и рокот за собирање потписи за независните, кој завршува на 30 август. Цензус за нив и за советничките листи на овие избори нема да има, бидејќи според проценките од власта, тие измени на Изборниот законик треба да се случат после 17ти октомври за да се постигне консензус меѓу сите политички партии.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com