19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски замачкува очи со смена на локални функционери на СДСМ

Најчитани вести

„Криминалот и корупцијата рушат рекорди во Македонија, Економист не вбројува во земји со хибриден режим, Транспаренси Интернешнл не рангира на 111 место по корупција, а Љупчо Николовски, од Заев именуваниот вицепремиер за борба против корупцијата се фали дека побарал смена на член на УО на битолски студентски дом.

Наместо суштинска борба против корупцијата, имаме замачкување на очи на народот. Ниту еден врвен функционер не е предмет на истрага, ниту еден од високите функционери на власта не се соочил со одговорност за стореното“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е на врвот на светските листи не само заради некој корумпиран локален функционер на СДСМ, туку милион пати повеќе заради Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Драги Рашковски и други од врвот на власта.

Нема одговорност за Зоран Заев, кој јавно беше посочен од страна на Бојан Јовановски, како лице кај кого завршиле парите од Рекет.

На слобода е и Ден Дончев кој сите го видовме како става туциња пари во ташна.

Од истрага се спаси и Драги Рашковски кој го слушнавме како договара аванта од 2.6 милиони евра за набавка на систем за летање.

Само со опомена помина и Курто Дудуш кој тепаше и малтретираше граѓанин во неговиот кабинет, без посериозна казна помина и Боро Малборо, кој шверцаше цигари, а по смената од градоначалник доби лиценца за садење на марихуана од Заев.

Нема казни, а нема ниту постапки за стотиците корумпирани функционери на СДСМ ширум државата. И затоа Македонија е хибриден режим и земја од која бегаат инвеститори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести