Home » ВМРО-ДПМНЕ: Не се намалува невработеноста, туку луѓето остануваат без работа или се иселуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Не се намалува невработеноста, туку луѓето остануваат без работа или се иселуваат

by Журнал.мк

Премногу е. За само една година криминалот на СДСМ и ДУИ раселил повеќе од 130 илјади луѓе. Според податоци на Државниот завод за статистика во 2021 година во Македонија бројот на активно население изнесувал 943.004 лица, од кои 795.087 лица се регистрирани како вработени, а 147.917 како невработени. Истата институција, за првото тромесечие од 2022 година излегува со податок дека во земјава има 811.197 активно население, од кои 691.498 се вработени, а 119.699 невработени. За една година од Македонија се иселиле работоспособни луѓе колку цела општина Куманово, колку Штип и Битола, или колку Тетово и Кичево заедно, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според податоците на ДЗС од 2021 година до првото тромесечие од 2022 година од Македонија се иселиле над 130.000 луѓе, од кои над 100.000 биле вработени и ја напуштиле својата работа, а 30.000 не биле вработени.

Овие бројки објавени од институцијата која треба да води грижа за статистиката во земјава се кобни. Според овие бројки од ДЗС, СДСМ и ДУИ се апокалиптична комбинација за Македонија.

Доколку реално се погледнат бројките, тогаш доаѓаме до фрапантно сознание дека не се намалува невработеноста воопшто, напротив се повеќе луѓе остануваат без работа или ја напуштаат и се иселуваат од државата.

Со СДСМ и ДУИ Македонија само ќе тоне. И се повеќе народ ќе се иселува. Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More