24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да поддржиме закон со кој власта би се пресметувала со неистомислениците

Најчитани вести

СДСМ сакаат да донесат Закон чија единствена цел ќе биде да се амнестира криминалот на фамилијата Заеви и нивните послушници, но и да можат да се пресметуваат со нивните неистомисленици од опозицијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Опозицијата нагласува дека нема да го поддржи законот со кој, како што вели, премиерот Зоран Заев наметнува услови. ВМРО-ДПМНЕ додава дека ќе се залага за закон со кој сите граѓани на Република Македонија ќе имаат ист третман.

„Лажни се убедувањата на СДСМ во нивните кругови дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде притиснато од странците. Нека не очекуваат дека меѓународната заедница ќе биде слепа и глува за неправдата која владее во Македонија“, велат од опозицијата.

Оттука додаваат дека со покривање на одговорноста на Заев, Шекеринска, Кики и Фрики во истpaгата за случајот „Peкет“, во кој, како што тврдат, вмешана е и специјалната јавна обвинитeлка Катица Јанева, се поткoпуваат изгледите на Македонија за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести