16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема за леб, а владата набавува октоподи

Најчитани вести

Лицемерната влада бара од граѓание да штедат, а тие аздисуваат со набавки на морски плодови. Службата за општи и заеднички работи при Владата среде криза ќе потроши над 20 илјади евра за морска храна. Ова е спротивно на најавите кои ги имаа во влада дека ќе ги редуцираат луксузирањата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Да потсетиме дека милиони од народните пари беа потрошени среде криза за режано цвеќе, кафиња, набавки на службени возила, миење на службени возила, витрини, позлатени чинии, вилишки, лажици и ножеви. Самата власт призна дека иако знаеле за кризата во буџетот предвиделе 100 милиони евра непродукивни трошења, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека клептоманите на власт, предводени од дезертерот Ковачевски може имаат ужасно ниска реализација на капитални инвестиции, ама затоа се махери за луксузирање. Оттука македонската економија пропаѓа, а народот тоне во сиромаштија. Ги имаме убедливо најлошите параметри на Балканот, најниска стапка на странски инвестиции, најниска стапка на раст на БДП, највисока инфлација, половина милион граѓани во сиромаштија и рекорден износ на задолжување.

Но Владата мува не ја лази што народот нема за леб, штом СОЗР набавува октоподи за министрите, се вели во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com