Home » ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните 4 дена не можат да утврдат дали има мајмунски сипаници кај лице кое им избега од болница

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните 4 дена не можат да утврдат дали има мајмунски сипаници кај лице кое им избега од болница

by Журнал.мк

Во секој сегмент од државата се случува распад на ситемот. Последен случај за тоа е во здравството, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Македонија институциите 4 дена не можат да утврдат дали има или нема мајмунски сипаници, заразна болест која зема силен замав во цела Европа. Едно лице кое што е суспектно им избега од болница, одбивајќи да се тестира и сега се обидуваат да стапат во контакт со него. Оттука логично се поставува прашањето дали ова лице не е опасност по здравјето и животите на другите луѓе? Дали ова лице може да ја прошири болеста и на тој начин работите да излезат од контрола?“, прашуваат од опозициската партија.

Лицето кое е суспектно и кое е можен заболен со мајмунски сипаници, според ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде под здравствен надзор, а тоа треба да се овозможи преку ангажирање на сите надлежни институции.

„Неспособноста и неодговорноста на институциите може да загрозат животи и здравје. Недозволиво е за сериозна здравствена закана надлежните да креваат раменици и да дозволат суспектни или заболени лица да се шетаат слободно и да загрозуваат други. Свесни ли се дека на тој начин може да предизвикаат епидемија, па наместо да се спречи ќе треба да се лечи, ккао што вели народот. Ова е скандалозно. За ваквата епска неспособност и неажурност треба некој да понесе одговорност“, се нагласува во реакцијата од партијата на Мицкоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More