0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

ВМРО-ДПМНЕ му ја врати Интерпелацијата на Џафери без преправки

Најчитани вести

ВМРО-ДПМНЕ му ја врати Интерпелацијата на собранискиот спикер Талат Џафери без преправки.

Во дописот до кој дојде ТВ24 стои дека забелешките на Џафери се однесуваат на предлог законот, а врз Интерпелацијата не се применуваат одредби кои се однесуваат на предлог на закони.

„Укажуваме дека Интерпелацијата и нејзината форма се едонствени и врз неа не се применуваат одредби кои се однесуваат на предлог закони како што е наведено во член 136 од Деловникот на Собранието. Впрочем, членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони, а Интерпелацијата и нејзината форма не е предлог на закон“ стои меѓудругото во дописот до Џафери.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека „враќањето на поднесената Интерпелација, повикувајќи се на член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и позитивното право е неосновано и спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести