15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Заев ја носат Македонија кон дното

Најчитани вести

Нема инвестиции, нема отворање на нови работни места. Само минатата година без работа останале 55.000 лица, ако беа успешни мерките на Заев од таканаречените антикризни пакети, сега ќе немавме толкава бројка од луѓе на улица. Зоран Заев ветуваше раст на економијата од 5%, а 2 години не можеме да мрднеме над 2,5%, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев се фали со измислени бројки, кои само тој ги разбира, и во кои само тој верува. Реалноста е дека Македонија тоне. 1,5 милијарди евра нов долг за една година.

Буџетскиот дефицит само во месец декември изнесува 225 милиони евра, што е повеќе од буџетскиот дефицит во целата 2019 година, кој што изнесуваше 222 милиони евра. Мерките на Заев ја носат Македонија кон дното“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести