7.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ оди кон провалија

Најчитани вести

Криминал, корупција и рекет. Македонија со СДСМ оди кон провалија. Десетици криминални случаи, а ниту една разврска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Епидемијата со непотизам која ги зафати сите државни институции, сите функционери, од министри до локални директори остана несанкционирана. Се помина со неколку претставки од ДКСК и еден два откази, поголемиот број останаа нечепнати.

Милионскиот криминал во Фондот за иновации, каде фирми блиски до власта добиваа по неколку стотици илјади евра, како да ја имаат пронајдено парната машина во 21 век исто така е без епилог.

Без разрешница е и криминалот на Рашковски, за кого постојат сериозни сомненија дека сторил криминал од над 1.8 милиони евра.

Зоран Заев не би бил Зоран Заев доколку во криминалната влада која ја предводи не би бил најголемиот криминалец. Милионскиот рекет кој е вршен со години, не може да е вршен без знаење на Зоран Заев, кој е главата на криминалниот октопод.

Во притвор завршија директните извршители како Зоки Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева, а никаде не се зборува за нарачателите и помагачите од врвот на власта.

Зоран Заев иако е спомнуван во исказите на оштетените се уште не е повикан на распит, како што се развлекуваше и притворањето на Јанева.

И иако пет месеци по Рекет 1 и месец по Рекет 2 се уште разрешница не е на повидок. Нема разрешница затоа што ЈО на Русковска го штити Зоран Заев.

Со Заев на чело на владата и Русковска на чело на обвинителството никаква правна разврска нема да има. Потребно е СДСМ да си замине. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, додаваат од опозицијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com