15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Лидерите на партии како кандидати за мандатар, ако изгубат на избори да се повлечат од политиката

Најчитани вести

ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот и претседател на СДСМ,Зоран Заев да го прифати предлогот на претседатeлот на опозициската партија, Христијан Мицкоски лидерите на партиите кои се во трка за парламентарни избори да бида со својство кандидат за мандатар, и ако ги изгубат изборите да се повлечат од политиката.

Доколку Зоран Заев има барем малку храброст ќе го прифати овој предлог. Лидерите на партиите мора да сносат одговорност за своите политики. Воведување на системот кандидат за мандатар е европска пракса и одраз на најголема морална одговорност во политиката. Доколку Заев е за вистински вредности, а не лаже, тој ќе го прифати тоа.

ВМРО-ДПМНЕ е за нов начин на водење на политиката. Со одговорност, отчетност и работа“, пишува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму најавуваат дека ВМРО-ДПМНЕ по изборите ќе изгласа закон за проверка на имот на политичарите.

„Секој ќе мора да си го оправда имотот. Недозволиво е некој со функционерска плата да станува милионер преку ноќ, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај“, се додава во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com