Home » ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски, Османи и Маричиќ водат анационална политика и ги загрозуваат националните интереси, оставка веднаш

ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски, Османи и Маричиќ водат анационална политика и ги загрозуваат националните интереси, оставка веднаш

by Журнал.мк

Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ водат анационална политика, а со тоа свесно ги загрозуваат националните и државни интереси на Република Македонија.
Тоа што не кажуваат што содржи францускиот предлог е само доказ дека сакаат трајно да ги нарушат преговарачките позициите на државата и да отстапат од македонските врвени линии.

Изјавите дека државата била цел на хибриден напад е само обид на прикривање на нивната неспособност. И доколку е тоа точно тогаш Ковачевски, Османи и Маричиќ мора да понесат одговорност.

Ковачевски наместо да се плаши и да бега од медиуми и од соочување со народот, мора да одговори пред целата јавност, за што точно преговара и договара тимот од МНР кој е пратен во Бугарија и дали Македонија веќе го има прифатено францускиот предлог?

ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните, експертската и ителектуална јавноста децидно отфрлаат прифаќање на францускиот предлог и распродавање на националните интереси.

Македонскиот јазик, култура и историја не можат и не смеат да бидат никогаш тема на преговори.

Со СДСМ и ДУИ на власт Македонија ниже дебакл и срам на секое поле.

Единствен излез од овој дипломатски срам е оставка на криминалната влада на СДСМ и ДУИ, и веднаш распишување на нови предвремени избори., се вели во Соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More