Има разлика, Ковачевски купува струја 30% поскапа од HUPX, додека претседателот Мицкоски како директор набавуваше 40% поевтина струја за народот. Владата на антимакедонската СДС откако е на власт го намали домашното производство на струја и за 3 терават часа. Тоа е струја која наместо да се снабдува од домашни извори се увезува, велатод ВМРО-ДПМНЕ.
Тие потенцираат дека скапата струја која ја увезува владата, а ја плаќаат и граѓаните и бизнисот влијае на нивните сметки со 50% покачување кај домаќинствата и до 400% покачување за фирмите.
– Доколку владата наместо да краде и да се занимава со овозможување на профити на поедини трговци, кои за неколку дена заработуваат и до 600.000 евра. За да може трговци блиски до власта да нижат огромни профити, владата се задолжува како на домашниот така и на странскиот пазар на капитал. Тие наместо да се насочат на работа и зголемено производство на струја ги земаат парите од банките, и наместо истите да одат кај фирмите за нови инвестиции се трошат на милионски тендери во четири очи, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се додава дека криминалот на Ковачевски ќе ја чини државата само за покривање на загубите на ЕЛЕМ и до 250 милиони евра, а трошоците за бизнисот може да одат и до 500 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани.
– Тоа е разликата помеѓу Ковачевски и претседателот Мицкоски. Додека претседателот Мицкоски работеше за доброто на народот и овозможи поевтина цена на струјата, Ковачевски ја зголеми и за четири пати. Кризата со која сме соочени е резултат само и само на криминалот на СДС, а последиците ќе бидат уште пострашни зимава која ни претстои, затоа Ковачевски мора да каже кој му е планот и како планира да спречи нови покачувања, нагласуваат од партијата.