Home » ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски заради кредит од 100 милиони евра презема обврска да ги затвори РЕК Битола и Осломеј

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски заради кредит од 100 милиони евра презема обврска да ги затвори РЕК Битола и Осломеј

by Журнал.мк

Ковачевски заради кредит од 100 милиони евра презема обврска да ги затвори РЕК Битола и Осломеј и да го продаде енергетскиот суверенитет

Ковачевски за да ги покрива економските катастрофални состојби е спремен да земе кредит кој е условен со затворање на РЕК Битола и Осломеј. Ковачевски многу добро ги знае овие работи, но ја замајува јавноста и не ја говори вистината. Во предлог законот кој се однесува на ликвидноста на ЕЛЕМ (ЕСМ) стои дека услов за добивање на средствата е да се затвори Осломеј до 2023, а РЕК Битола до 2027 година. Тоа значи дека со ваквиот потег власта може да остави без егзистенција 4000 семејства, а дополнително уште 40 илјади други работни места индиректно поврзани со овие два клучни енергетски капаците може да бидат загрозени.

Дополнително ваков кредит од 100 милиони евра може да предизвика губење на енергетскиот суверенитет на Македонија, бидејќи освен затворањето на двата суштински енергетски капацитети се предвидува интегрирање на македонскиот енергетски пазар со грчкиот и бугарскиот.

Заради гола власт Ковачевски и СДС ја раскрчмуваат Македонија. Економијата веќе е на работ на пропаста. Македонија според Светска Банка има најниска прогноза за раст на БДП во 2022 година, а единствено полоши од нас ќе завршат Украина и Русија кои се директно во војна. Речиси 12 илјади компании се затворени за година и пол, а уште на толку им се заканува клуч на врата во наредниот период. Згора на се, Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во Европа со 18,7%. Оваа стапка на инфлација е двојно повисока од европскиот процес, што покажува дека инфлацијата во Македонија не е увезена, туку е производ на неспособноста на оваа влада предводена од Ковачевски.

Стандардот и економијата паѓаат, а криминалот и корупцијата на власта растат. Тоа мора да престане. Оваа власт мора да замине, а потоа да сноси одговорност за катастрофата која ја предизвика.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More