Home » ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да се извини и да си даде оставка, тој ги навреди земјата и народот

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да се извини и да си даде оставка, тој ги навреди земјата и народот

by Журнал.мк

Ковачевски да се извини и да си даде оставка, тој ги навреди земјата и народот. Ковачевски не изреагира и не се спротивстави на констатацијата на Еди Рама, дека тој ќе биде премиер на Западна Бугарија. Напротив, Ковачевски се смееше и со тоа одобрува газење и исмевање на сметка на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Ковачевски е продолжение на политиките на виткање на кичма кој го започна Зоран Заев, која кажа дека македонскиот и бугарскиот јазик се еден ист јазик. Ковачевски дозволи јавно да биде понижена Македонија, и иако знаеше дека го снимаат камери тој се смееше и одобруваше. Што прави Ковачевски и како се однесува кога камерите се исклучени?

Постои огромен сомнеж дека Ковачевски вака се однесува и на преговорите кои тајно ги води, и дека ја понижува државата. Тој покрај тоа што треба да се извини, мора и да си даде оставка. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада, се вели во соопштението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More