Home » ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бега од гаранции и фрла сомнеж дека преговара за јазикот, идентитетот и историјата

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бега од гаранции и фрла сомнеж дека преговара за јазикот, идентитетот и историјата

by Журнал.мк

Ковачевски бега од гаранции и фрла сомнеж дека преговара за јазикот, идентитетот и историјата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Постапките на Ковачевски со кои тој бега од барање на гаранции за јазикот, историјата и идентитетот индицираат дека тој е со преговорите задира во идентитетот, историјата и јазикот.

Ковачевски првин треба да ги даде гаранциите пред народот, а потоа да ги бара од Бугарија и Брисел.

Ковачевски треба да побара и гаранции од Брисел, дека нема да има повторно блокади на нашиот пат кон ЕУ.

Гаранциите ќе бидат помош и за Ковачевски, но и за нашите позиции во целост, секако доколку интересот и интенцијата на Ковачевски е заштита на идентитетот, историјата и јазикот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk