10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Каква влада, такви ковид-мерки, неефикасни и дискриминаторски

Најчитани вести

Пакетот на мерки против Ковид-19 е задоцнет и неефикасен. Каква влада, такви ковид-мерки, неефикасни и дискриминаторски, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега Заев и Филипче се занимаваат со последиците од короната, а причините за ова денес е целосното игнорирање на проблемот и ненавремената имунизација. Трката по провизии, наместо трка по вакцини придонесе Македонија денес да собори уште еден неславен рекорд а тоа е на врвот на листата на заразени“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија апелира на вакцинација, но како што напоменуваат од таму го почитуваат правото на останатите кои мислат спротивно и владата според нив нема право да го ограничува право и слобода на избор.

„Владата нема да може да ги спроведува нејзините мерки еднакво. За едни тие ќе важат, за други не. Народот не треба да се плаши, и повторно корона кризата да се претвора во ПР војна на влевање на страв, туку на разумни одлуки кои ќе дадат резултати. Потребни се стимулативни мерки, а не казни“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com