21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават внатрепартиски анализи за кандидати за градоначалници

Најчитани вести

Кои кандидати на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе влезат во градоначалничката трка, од политичките партии се уште не откриваат. И од власта и од опозицијата велат дека се уште е рано бидејќи дотогаш ќе прават внатрепартиски анализи за тоа кој од предложените кадри уживаат најмногу доверба кај членството. Неизвесно е и дали ќе склучат предизборни коалиции со некои од помалите партии, кои јавно ги повикаа за идна соработка.

„ВМРО-ДПМНЕ неколкупати упати апел, подаде рака, до сите политички партии дека секој оној кој сака да се сруши режимот на мафијата кој што владее во Македонија е добредојден за соработка, оттука и можноста за понатамошна коалиција. “

„СДСМ дефинитивно е фаворит на престојните локални избори, имаме воведено повеќе начини меѓукои и мерит системот, како што се мери работата на градоначалниците, преку тој систем се бара одговорност, но и се мотивира за побрзо да се релизираат сите проекти коишто ги започнале и кои ги ветиле. “

Засега потврдена предизборна коалиција има од ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз. Овие три парламентарни партии повторно го актуелизираа прашањето за отворени листи и правична родова застапеност на локалните избори, за кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека ќе дадат поддршка преку измени во Изборниот законик.

Првиот круг избори ќе се одржи во втората половина од октомври, како резултат од договорот меѓу Заев и Мицкоски, а ќе се гласа со отпечаток од прст, модел кој се смета за гаранција дека ќе се избегнат нерегуларности и едно лице ќе гласа само еднаш…

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести