17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата ги јаде примањата, владата не презема ништо

Најчитани вести

Инфлацијата ги јаде примањата, владата не презема ништо, основните продукти и горивата се зголемени и за 70%, а лебот за 110%, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-За само година ипол горивата поскапеа за 70%, а тие се основен елемент и кај граѓаните и во скоро секоја гранка од индустријата. За високите цени пред се е виновна владата на СДСМ и ДУИ, кои откако дојдоа до денес ги зголемија акцизите за 13.13 денари. Тоа значи дека без акцизата која ја зголеми оваа влада сега горивата ќе беа околу од 72 до 75 денари за литар, посочуваат од опозицијата,

Оттаму велат дека цената на лебот е зголемена и за 110% и дека зголемените цени силно удираат по стандардот на граѓаните.

-Еден од најголемите удари по џебот на народот е зголемувањето на цената на струјата за 30%. Што е последица на лошото менаџирање со енергетските ресурси на државата. Во сред енергетска криза увозот на струја по берзански цени изнесуваше и до 50%, затоа што владата ги испразни хидроакумулациите и не копаше јаглен кога требаше, па домашното производство беше на минимум, и се се покриваше со скап увоз.Лошите политики на владата во изминативе години ги чинат граѓаните многу, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com